како да го поставите вашиот бизнис онлајн?
Ако вашиот бизнис е физичка локација без онлајн присуство, првиот чекор е да го создадете тоа за да продолжите да се поврзувате со клиентите. За да го поставите вашиот бизнис онлајн, составивме водич чекор-по-чекор.
3 Чекори за да го поставите вашиот бизнис онлајн
1. Домен
Сите идеи започнуваат со домени. Тие се вашата уникатна онлајн адреса. Ги насочуваат луѓето кон вашата веб страница, ви го штитат името и укажуваат на тоа што вие го нудите.
1.1 Закупете домен што ве симболизира вас и вашата дејност
1.2 Како да одберете назив на доменот
1.3 Како да го регистрирате вашиот домен
1.1 Закупете домен
Делот од вашата веб адреса, што следува после www е всушност вашиот домен. На пример www.mojbiznis.mk
Називот на доменот исто така може да послужи како основа за професионална мејл адреса за една компанија. На пример info@mojbiznis.mk.
Да претпоставиме дека имаме потреба од водоводџија во Скопје. Го земаме паметениот телефон, го отвараме пребарувачот на Google, внесуваме „водоводџија во Скопје“ и добиваме листа со релевантни веб страни идентификувани преку имињата на домените, како резултати од пребарувањето. Вие би сакале и вашиот бизнис да се појавува во резултатите од пребарувањето, кога потенцијалните клиенти пребаруваат производи или услуги кои вие ги нудите онлајн.
1.2 Како да одберете назив на доменот?
Вашиот домен е натписот на вашата компанија во светот на интернетот. Затоа изберете назив на доменот, што ја претставува вашата компанија и лесно се памети. Во продолжение приложуваме пет совети за избор на назив, што би бил лесен за паметење.
Нека биде краток - Ако го видите испишан на задната страна од автобусот, дали ќе го запомните?
Да биде лесен за впишување - Избегнувајте цртички и чудни натписи.
Вклучете клучни зборови - Употребете клучни зборови што луѓето би ги користеле за да го пронајдат вашиот тип на бизнис
Целете ја вашата област - За да привлечете локални клиенти, вметнете го вашиот град или држава во називот на доменот.
Одберете ја вистинската екстензија - Вашата компанија може да има голема корист од користењето на одредена индустриска или регионална екстензија.
Сега, обидете се да ги комбинирате зборовите на вашата листа за да составите кратки и описни називи на домени. Откако ќе ја конкретизирате листата, може да ја проверите достапноста на вашите омилени називи, со помош на овластен регистрар како Registrar.MK.
Registrar.MK ви овозможува да пребарувате и регистрирате домени.
Закупете домен што прецизно укажува кои сте и што нудите.
1.3 Како да регистрирате домен?
Кога ќе се одлучите за некој достапен назив на домен, регистрирајте го за одреден временски период - слично како да го изнајмувате. Никој друг не може да располага со називот, се додека е регистриран од ваша страна.
На пример, ако регистрирате домен за период од една година, мора да ја обновите регистрацијата кога ќе истече годината, бидејќи во спротивно некој друг потоа ќе може да го користи вашиот домен. Просечно, корисниците ги регистрираат нивните домени за период од три до пет години. Честопати е пожелно да регистрирате повеќе домени за подобро да ги претставите услугите што ги нудите или пазарите што ги опслужувате. Исто така и за да ги оневозможите конкурентите да регистрираат домени со вашиот бренд.
Совет:
Доколку регистрирате повеќе домени, поврзете ја вашата веб-страница со примарниот домен, а потоа пренасочете ги споредните домени кон главната интернет-адреса. Домените исто така може да бидат насочени и кон сајтови како Фејсбук страната на вашата компанија.
2. Веб Страница
Најголемата предност од поседувањето на веб страница е тоа што ќе бидете достапни секому, секаде и во секое време
2.1 Направете план за вашата веб страна
2.2 Побарајте вешт веб дизајнер
2.3 Што добивате со Registrar.MK Google Sites
2.1 Направете план за вашата веб страна
Веднаш штом го добиете посакуваниот домен, можете да почнете со планирање на содржината на вашата веб страна.
2.1.1 Уникатна содржина
Зад секој успешен бизнис се крие уникатна приказна, која е двигател за напредокот. Затоа споделете ја и вашата.
Раскажете за вашите почетоци
Претставете го вашиот бизнис и што можете да му понудите на светот
Опишете го со неколку зборови процесот на работа што ве доведе до вашиот успех
Објаснете им на вашите клиенти како можете да ги решите нивните проблеми, како никој друг на пазарот.
Образложете подетално која е вашата мисија, пасија и визија и потенцирајте како со вашите уникатни решенија се двоите од конкуренцијата. Откако ќе го концепирате сево ова, почнете со пишување на содржините.
Во суштина би требало да ја распределите содржината низ неколку под-страници: Почетнa, Продукти|Услуги, Контакт|За нас и Q&A.
Секако, доколку сакате што поскоро да ја публицирате страната, тогаш може да направите една почетна страница, па потоа да се разгранувате и да додавате нови под-страници во иднина.
2.1.2 Четири неопходни веб дизајн елементи за мали и средно големи бизниси
Ангажирањето на вешт веб дизајнер да ја направи вашата веб страна, не значи дека не смеете да дадете ваше мислење и ваши идеи околу изгледот и дизајнот на страната. Генерално, треба да внимавате на следниве основни работи, кои придонсеуваат за градењето на вашиот онлајн бренд:
Лого
Логото е симболот на вашиот бизнис, затоа мора да размислите како ќе го интегрирате во дизајнот на веб страната.
Бои
Изборот на правилна палета на бои е една од клучните работи за кохезија на брендот. Ако сте еден од пионерите на пазарот и вашиот бизнис постои со децении, тогаш би сакале да ставите нагласок на црвената боја, бидејќи симболизира пасија и традиција. Од друга страна пак, боите како магента или аквамарин се идеални за стартапи. Пронајдете ја правилната низа од нијанси која ќе одговара со дизајнот на страната и во исто време ќе ги буди посакуваните емоциии кај посетителите.
Фонт
Задебелен или линеарен, по женствен или машки стил - треба да размислите кои видови на фонтови најубаво го опишуваат вашиот бизнис и пазарот кој го таргетирате.
Дизајнерски детали
Дизајнерскиот распоред е процес на организирање на визуелните елементи како што се текстот, сликите и формите на одредена страница. Сите овие елементи придонесуваат за севкупниот онлајн впечаток, како и корисничкото искуство кај вашите поситетиели. Размислете за бојата на позадината, градиентите, текстурите како и дистанцата помеѓу компонентите во дизајнот. Сè треба да е хармонично распоредено.
Вложувањето на соодветно време во подредувањто на сите делови од сложувалката, може да придонесе за воспоставувањето на вашиот бренд, како и да ги претставите вашите продукти и услуги на најдобар можен начин.
2.2 Најдете вешт веб дизајнер
Ако имате одличен план за вашата веб страна, но не сакате или не знаете како да ја направите, вангажирањето на веб дизајнер или веб компанија можеби е најдобриот следен чекор. Соработката со вешти професионалци, кои може да ја материјализираат вашата идеа во целосно функционална веб страница,ќе ви помогне да ги остварите вашите цели онлајн.
Можете да добиете веб страница која е атрактивна, брза и мобилно оптимизирана,
доколку сакате веб дизајнер на Registrar.MK Google Site да ја креира за вас.
2.3 Што добивате со Registrar.MK Google Sites
Веб страница лесна за употреба
Добивате врвна веб страница за вашиот бизнис.
SSL сертификат
Го добивате автоматски бесплатно, служи за безбедна комуникација онлајн.
SEO
Ќе ја зголеми присутноста на вашата веб страница на интернет
Оптимизирана за телефон
Оптимизирана страница за мобилни уреди. Веб страницата функционира подеднакво ефикасно на било кој уред, како компјутер, таблет или мобилен телефон.
Google Business Profile
Креирање сметка на Google Business Profile за поголема присутност на вашиот бизнис онлајн, со цел да биде забележан од што е можно повеќе клиенти.
Google Search Console Tools
Google пребарувачот задолжително треба да знае дека вашата веб страна постои. Тоа е неопходно за да се придобие вниманието на пребарувачките алгоритми.
Google Analytics
Голем број на продукти можат да ја анализираат вашата веб страна и да ви покажат кога нешто работи или пак кога имате проблем. Google Analytics ги следи сите ваши посетители и ви дава информации за нив, на пример дали посетителот е нов или постоечки, како стигнале до вашата страна, нивната локација и кој интернет пребарувач го користат.
И, многу други надградби...
3. Професионален мејл
Професионална мејл адреса е ефикасен начин да комуницирате со вашите клиенти.
3.1 Што е професионална мејл адреса
3.2 Како до професионална Gmail е-пошта
3.3 Што добивате со Registrar.MK Gmail
3.1 Што е професионална мејл адреса
Мејл адреса за вашата компанија со вашиот домен,пример info@mojbiznis.mk.
Ви помага да се издвоите од останатите. Колку повеќе вашата мејл адреса им е препознатлива и лесна за паметење на вашите клиенти, дотолку ќе се чувствуваат поблиску до вас и ќе му веруваат на вашиот бренд.
3.2 Како до добијам Gmail со мејл адреса на мојот домен
Контактирајте ги Registrar.MK и тие ќе ви креираат gmail сметка, со неопходните конфигурации. Ваше е само подоцна да ја промените лозинката и ќе имате професионална мејл адреса подготвена за користење. Со оваа услуга, го добивате следново:
Пренасочување за мејлот со вашиот домен
Gmail конфигурирање
Поддршка
3.3 Што добивате со Registrar.MK Gmail
Добивате gmail сметка, со мејл адреса на вашиот домен. На пример ако вашиот gmail е mojbiznis@gmail.com, а називот на доменот ви е мојбизнис.mk, добивате мејл адреса со вашиот домен info@mojbiznis.mk. Притоа ја користите вашата gmail сметка за да се најавите, читате и праќате мејлови, а мејл адресата со вашиот домен може да се користи за обострана комуникација. Совршено решение - со Registrar.MK Gmail добивате моќна gmail сметка со ваша домен мејл адреса.
Браво! Сега го имате вашиот бизнис онлајн- на правиот начин!
Одржувајте веб страницата во добра состојба
Ажурирањето и одржувањето на содржината и функционалноста на вашата веб страница е важно за да бидете во тек со потребите и желбите на вашите клиенти. Исто така, редовното ажурирање на вашата страница со релвевантна содржина впечатливо го подобрува појавањето на вашиот бизнис, кај пребарувањата на Google.
Совет:
За ажурирање, користете ја вклучената поддршка од Registrar.MK Google sites на годишно ниво.
Совет:
Привлечете посетители до вашата веб страница. Вметнувањето на линкови до веб страната на интересни постови на социјалните мрожи, може да резултира со значитлен број на посети.