како да го поставите вашиот бизнис онлајн?

Ако вашиот бизнис е физичка локација без онлајн присуство, првиот чекор е да го создадете тоа за да продолжите да се поврзувате со клиентите. За да го поставите вашиот бизнис онлајн, составивме водич чекор-по-чекор.

3 Чекори за да го поставите вашиот бизнис онлајн


1. Домен

Сите идеи започнуваат со домени. Тие се вашата уникатна онлајн адреса. Ги насочуваат луѓето кон вашата веб страница, ви го штитат името и укажуваат на тоа што вие го нудите.


1.1 Закупете домен што ве симболизира вас и вашата дејност

1.2 Како да одберете назив на доменот

1.3 Како да го регистрирате вашиот домен

1.1 Закупете домен

Делот од вашата веб адреса, што следува после www е всушност вашиот домен. На пример www.mojbiznis.mk


Називот на доменот исто така може да послужи како основа за професионална мејл адреса за една компанија. На пример info@mojbiznis.mk.


Да претпоставиме дека имаме потреба од водоводџија во Скопје. Го земаме паметениот телефон, го отвараме пребарувачот на Google, внесуваме „водоводџија во Скопје“ и добиваме листа со релевантни веб страни идентификувани преку имињата на домените, како резултати од пребарувањето. Вие би сакале и вашиот бизнис да се појавува во резултатите од пребарувањето, кога потенцијалните клиенти пребаруваат производи или услуги кои вие ги нудите онлајн.

1.2 Како да одберете назив на доменот?

Вашиот домен е натписот на вашата компанија во светот на интернетот. Затоа изберете назив на доменот, што ја претставува вашата компанија и лесно се памети. Во продолжение приложуваме пет совети за избор на назив, што би бил лесен за паметење.

Сега, обидете се да ги комбинирате зборовите на вашата листа за да составите кратки и описни називи на домени. Откако ќе ја конкретизирате листата, може да ја проверите достапноста на вашите омилени називи, со помош на овластен регистрар како Registrar.MK.

Registrar.MK ви овозможува да пребарувате и регистрирате домени

Закупете домен што прецизно укажува кои сте и што нудите.

1.3 Како да регистрирате домен?

Кога ќе се одлучите за некој достапен назив на домен, регистрирајте го за одреден временски период - слично како да го изнајмувате. Никој друг не може да располага со називот, се додека е регистриран од ваша страна.

На пример, ако регистрирате домен за период од една година, мора да ја обновите регистрацијата кога ќе истече годината, бидејќи во спротивно некој друг потоа ќе може да го користи вашиот домен. Просечно, корисниците ги регистрираат нивните домени за период од три до пет години. Честопати е пожелно да регистрирате повеќе домени за подобро да ги претставите услугите што ги нудите или пазарите што ги опслужувате. Исто така и за да ги оневозможите конкурентите да регистрираат домени со вашиот бренд.

 

Совет

Доколку регистрирате повеќе домени, поврзете ја вашата веб-страница со примарниот домен, а потоа пренасочете ги споредните домени кон главната интернет-адреса. Домените исто така може да бидат насочени и кон сајтови како Фејсбук страната на вашата компанија

2. Веб Страница

Најголемата предност од поседувањето на веб страница е тоа што ќе бидете достапни секому, секаде и во секое време


2.1 Направете план за вашата веб страна

2.2 Побарајте вешт веб дизајнер

2.3 Што добивате со Registrar.MK Google Sites

2.1 Направете план за вашата веб страна

Веднаш штом го добиете посакуваниот домен, можете да почнете со планирање на содржината на вашата веб страна.


2.1.1 Уникатна содржина

Зад секој успешен бизнис се крие уникатна приказна, која е двигател за напредокот. Затоа споделете ја и вашата.


Образложете подетално која е вашата мисија, пасија и визија и потенцирајте како со вашите уникатни решенија се двоите од конкуренцијата. Откако ќе го концепирате сево ова, почнете со пишување на содржините.


Во суштина би требало да ја распределите содржината низ неколку под-страници: Почетнa, Продукти|Услуги, Контакт|За нас и Q&A.

Секако, доколку сакате што поскоро да ја публицирате страната, тогаш може да направите една почетна страница, па потоа да се разгранувате и да додавате нови под-страници во иднина.


2.1.2 Четири неопходни веб дизајн елементи за мали и средно големи бизниси

Ангажирањето на вешт веб дизајнер да ја направи вашата веб страна, не значи дека не смеете да дадете ваше мислење и ваши идеи околу изгледот и дизајнот на страната. Генерално, треба да внимавате на следниве основни работи, кои придонсеуваат за градењето на вашиот онлајн бренд:

Логото е симболот на вашиот бизнис, затоа мора да размислите како ќе го интегрирате во дизајнот на веб страната.


Изборот на правилна палета на бои е една од клучните работи за кохезија на брендот. Ако сте еден од пионерите на пазарот и вашиот бизнис постои со децении, тогаш би сакале да ставите нагласок на црвената боја, бидејќи симболизира пасија и традиција. Од друга страна пак, боите како магента или аквамарин се идеални за стартапи. Пронајдете ја правилната низа од нијанси која ќе одговара со дизајнот на страната и во исто време ќе ги буди посакуваните емоциии кај посетителите.


Задебелен или линеарен, по женствен или машки стил - треба да размислите кои видови на фонтови најубаво го опишуваат вашиот бизнис и пазарот кој го таргетирате.


Дизајнерскиот распоред е процес на организирање на визуелните елементи како што се текстот, сликите и формите на одредена страница. Сите овие елементи придонесуваат за севкупниот онлајн впечаток, како и корисничкото искуство кај вашите поситетиели. Размислете за бојата на позадината, градиентите, текстурите како и дистанцата помеѓу компонентите во дизајнот. Сè треба да е хармонично распоредено.


Вложувањето на соодветно време во подредувањто на сите делови од сложувалката, може да придонесе за воспоставувањето на вашиот бренд, како и да ги претставите вашите продукти и услуги на најдобар можен начин.

2.2 Најдете вешт веб дизајнер

Ако имате одличен план за вашата веб страна, но не сакате или не знаете како да ја направите, вангажирањето на веб дизајнер или веб компанија можеби е најдобриот следен чекор. Соработката со вешти професионалци, кои може да ја материјализираат вашата идеа во целосно функционална веб страница,ќе ви помогне да ги остварите вашите цели онлајн.

Можете да добиете веб страница која е атрактивна, брза и мобилно оптимизирана, 

доколку сакате веб дизајнер на Registrar.MK Google Site да ја креира за вас. 

2.3 Што добивате со Registrar.MK Google Sites

Добивате врвна веб страница за вашиот бизнис.


Го добивате автоматски бесплатно, служи за безбедна комуникација онлајн.


Ќе ја зголеми присутноста на вашата веб страница на интернет


Оптимизирана страница за мобилни уреди. Веб страницата функционира подеднакво ефикасно на било кој уред, како компјутер, таблет или мобилен телефон.


Креирање сметка на Google Business Profile за поголема присутност на вашиот бизнис онлајн, со цел да биде забележан од што е можно повеќе клиенти.


Google пребарувачот задолжително треба да знае дека вашата веб страна постои. Тоа е неопходно за да се придобие вниманието на пребарувачките алгоритми


Голем број на продукти можат да ја анализираат вашата веб страна и да ви покажат кога нешто работи или пак кога имате проблем. Google Analytics ги следи сите ваши посетители и ви дава информации за нив, на пример дали посетителот е нов или постоечки, како стигнале до вашата страна, нивната локација и кој интернет пребарувач го користат.


3. Професионален мејл 

Професионална мејл адреса е ефикасен начин да комуницирате со вашите клиенти.


3.1 Што е професионална мејл адреса

3.2 Како до професионална Gmail е-пошта

3.3 Што добивате со Registrar.MK Gmail


3.1 Што е професионална мејл адреса

Мејл адреса за вашата компанија со вашиот домен,пример info@mojbiznis.mk.

Ви помага да се издвоите од останатите. Колку повеќе вашата мејл адреса им е препознатлива и лесна за паметење на вашите клиенти, дотолку ќе се чувствуваат поблиску до вас и ќе му веруваат на вашиот бренд.


3.2 Како до добијам Gmail со мејл адреса на мојот домен

Контактирајте ги Registrar.MK и тие ќе ви креираат gmail сметка, со неопходните конфигурации. Ваше е само подоцна да ја промените лозинката и ќе имате професионална мејл адреса подготвена за користење. Со оваа услуга, го добивате следново:


3.3 Што добивате со Registrar.MK Gmail

Добивате gmail сметка, со мејл адреса на вашиот домен. На пример ако вашиот gmail е mojbiznis@gmail.com, а називот на доменот ви е мојбизнис.mk, добивате мејл адреса со вашиот домен info@mojbiznis.mk. Притоа ја користите вашата gmail сметка за да се најавите, читате и праќате мејлови, а мејл адресата со вашиот домен може да се користи за обострана комуникација.  Совршено решение - со Registrar.MK Gmail добивате моќна gmail сметка со ваша домен мејл адреса.

Комплетно решение [домен, страница, мејл] за вашиот бизнис онлајн со Registrar.MK

Браво! Сега го имате вашиот бизнис онлајн- на правиот начин!


Одржувајте веб страницата во добра состојба

Ажурирањето и одржувањето на содржината и функционалноста на вашата веб страница е важно за да бидете во тек со потребите и желбите на вашите клиенти. Исто така, редовното ажурирање на вашата страница со релвевантна содржина впечатливо го подобрува појавањето на вашиот бизнис, кај пребарувањата на Google.


Совет:

За ажурирање, користете ја вклучената поддршка од Registrar.MK Google sites на годишно ниво.


Совет:

Привлечете посетители до вашата веб страница. Вметнувањето на линкови до веб страната на интересни постови на социјалните мрожи, може да резултира со значитлен број на посети.